
Поради дефект на затворач ф-300 мм на улицата Женевска бб (последна 24-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхломска, Гаврил Лесновски и дел од булеварот Партизански Одреди (потегот од мост ОН до Московска).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

