
Иранскиот парламент ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов американски напад, изјави пратеникот Ебрахим Резаи.
Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека тоа е една од клучните опции што ќе се дискутираат во Техеран. „Една од опциите на Иран во случај на уште еден напад би можела да биде збогатување од 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, рече Резаи.
Нуклеарните централи обично бараат ураниум збогатен од 3 до 5%, додека нуклеарното оружје бара ниво од 90%.
Оваа закана доаѓа откако американските медиуми објавија дека Доналд Трамп размислува за нови напади врз Иран за да ја ослабне неговата преговарачка позиција. Да потсетиме дека Трамп ја оправда војната тврдејќи дека на Иран никогаш не треба да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.


