Џенифер Лопез сподели ново видео за On My Way

Џенифер Лопез доби ран подарок од своето момче Бен Афлек за Денот на вљубените.

Бен (49) ѝ подари видео монтажа со стари снимки од нив, а во позадината се слуша нејзиниот нов сингл On My Way од саундтракот на Marry Me („Омажи се за мене“).

Џенифер (52) го сподели четриминутното видео со фановите како дел од првото мемо за својот нов билтен On the JLo.

Официјалното музичко видео за песната беше објавено уште во декември.

Романтичната комедија „Омажи се за мене“, со Џенифер, Малума и Овен Вилсон во главните улоги, минатиот петок почна да се прикажува во кината и на стриминг-услугата „Пикок“

Треба да знаете
Последни објави