
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
ДУИ повторно го пушти стариот филм на клевети бидејќи вистината премногу ги боли. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ им пречи Изет Меџити затоа што тој, заедно со народот, ги испрати во историјата и го скрши нивниот 20-годишен монопол на уцени.
Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцелариски сплетки и милувања од Али Ахмети. Тој го црпи својот легитимитет директно од гласот на Албанците, од теренот и од секое маало во Чаир, и низ државата. Додека Изет Меџити е помеѓу својов народ, работи на проекти и води национални политики, кликата на ДУИ – Бујар Османи, Блерим Беџети и Арбер Адеми сонуваат за враќање на хаосот во кој најдобро профитираа.
ДУИ е симбол на минатото, на Мијалков како „златен партнер” и на Будимпешта како адреса за спас.
ВЛЕН е силата на промената која на 9 мај се обединува во една челична тврдина за да стави крај на политичкиот застарен модел на Ахмети.
На 9 мај, одговорот ќе биде дефинитивен. Времето на неказнивост за „недопирливите” слуги на Мијалков заврши.


