
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во текот на оваа година нема да се одржат избори.

Според него, 2026 година е предвидена како период за клучни реформи и внатрешна консолидација на државата, додека редовниот изборен циклус се очекува во пролетта 2028 година.
„Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидација. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат во пролетта 2028 година“, истакна Мицкоски.

Иако приоритет на Владата е реализација на ветените проекти, премиерот нагласи дека неговата партија е во постојана подготвеност за избори, без разлика на терминот на нивното одржување.

