
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На 14.11.2025, 34-годишник од струшко село стапил во контакт со пријавениот кој изработувал блиндор врати и се договориле да му изработи врати до 20.01.2026 за износ од 3.040 евра.
Според договореното, оштетениот му исплатил на пријавениот 2.140 евра, а другиот дел од износот требало да се доплати кога ќе бидат монтирани, но пријавениот постојано ја одложувал изработката на вратите.


