
Полицијата во Омаха, Небраска, застрела и уби жена која со нож повредила 3-годишно момче за време на обид за киднапирање во продавница на Волмарт рано наутро во четврток. Двајца полицајци ја застрелаа 31-годишната Ноеми Гузман откако таа го повредила момчето и одбила да го фрли ножот, соопшти полицијата, според NBC News .
Според соопштението, Гузман повеќе пати му се заканувала на детето со пиштол пред пукањето. Детето било однесено во болница со голема рана на лицето, но се очекува да се опорави. Заменик-началникот на полицијата во Омаха, Скот Греј, на прес-конференција изјави дека повредата не е опасна по живот. Во инцидентот нема повредени полицајци.
Полицијата била повикана во продавницата вчера околу 9:13 часот по локално време.
Кога полицајците пристигнале седум минути подоцна, пронашле жена пред Волмарт „како држела нож врз 3-годишно дете во количка за пазарење“, рече Греј. „Полицајците и давале наредби на осомничената“, продолжи тој.
„Постои видео снимка на која се гледа како осомничената замавнува со нож кон детето и го сече во лицето. Во тој момент, полицајците, барем еден од нив, отвориле оган, а осомничената починала на местото на настанот.“


