
Соопштение за јавност на СДСМ:
ВМРО-ОКГ е тројански коњ на поделбите на македонското национално ткиво, а Мицкоски е прокси руски играч, рече претседател на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција.
Тој посочи на фактот дека се потврди она што СДСМ го говореше во изминатиот период дека Мицкоски ја турка земјата во изолација и работи за странски интереси, преку српски, унгарски се до руските интереси.
„Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го врати името, а сега поради него, Македонија е таа што е на колена. Предадени се нашите национални интереси, стратешката определба на земјата да биде рамноправен дел со обединетите народи на Европа,” истакна Филипче.
Филипче обвини дека со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство во Европската Унија, а тоа значи, децении загарантирана сиромаштија, загубени генерации поради засилено иселување на младите, карта во еден правец за македонската младост, значи децении криминал и корупција без никаква контрола и тонење во калта на Мицкоски и неговата криминална банда.
„Македонија не е создадена за да чека, за да стои во место, да се плаши во неизвесност и да се затвора во изолација. Македонија е создадена за да оди напред, да напредува, да биде слободна, демократска и европска земја. Македонија не е создадена за власта да ја краде, да го пљачка народот, и да ја држи во неизвесност. Членството во ЕУ значи интеграција како Македонци кои говорат македонски јазик, рамноправни во големото европско семејство. За сите наши граѓани, членството во ЕУ носи пари, носи пристапни фондови до 40 милијарди евра, поголеми плати, повисоки пензии, подобро образование, подобра инфраструктура, подобро здравство, и секако правда, појасни Филипче.
