Skip to main content
Македонија

Песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2

30/03/2026  13:38

На вториот програмски канал на Македонската радио-телевизија (МРТ) во петокот, во рамките на детската програма, била емитувана песна за „Голема Албанија“ насловена „Албански територии“.

13-годишното девојче, кое ја пееше пената, беше облечено во маица со мапа на „Голема Албанија“.

Според стиховите од песната, отворено се пееше за територијални претензии и кон Македонија, и кон Грција, кон Србија, кон Црна Гора…

„Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“,  „ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“… беа дел од стиховите со јасна порака за обединување на албанските територии.