Skip to main content
Економија, Македонија

ДДВ за горивата се намалува на 10%

22/03/2026  13:51

Со цел да се спречи драстичен скок на цените на горивата во Македонија, Владата денес донесе пакет мерки на вонредна седница. Премиерот Мицкоски ја соопшти одлуката со која државата ќе интервенира на пазарот на нафтени деривати.

Според Мицкоски, главната цел е да се заштити стандардот на граѓаните во услови кога цените на светските берзи растат поради кризата на Блискиот Исток.

Премиерот Мицкоски соопшти дека одлучиле да се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%, со тоа то цената на бензинот останува непроменета а нафтата да се зголеми од 3 до 3,5 денари од литар.