Skip to main content
Хроника

Велосипедист пренесен во болница по удар со автомобил

20/03/2026  13:36

На 19.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 12:50 часот на ул.„Благоја Стефковски”, на излез од бензинска пумпа, патничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А.(20) од Скопје.

Според пријавеното, по незгодата, возачот на возилото му пружил помош на велосипедистот Б.А., а откако двајцата си заминале од местото на настанот, Б.А. почувствувал болки и бил пренесен во Градската општа „Св. Наум Охридски”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.