Скопјанец со „порше“ се истумбал кај Роановце

На 10.03.2023 околу 20,10 часот на автопатот Куманово-Скопје во атар на с.Романовце, кумановско, се случила сообраќајна несреќа.

Патничко моторно возило „порше” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(42) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

По несреќата В.С. бил пренесен во Ургентен центар-Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.

Треба да знаете
Последни објави