Џенифер Лопез е најновиот член на тимот на „Вирџин војаџис“

Поп-ѕвездата Џенифер Лопез откри дека сега има нов ангажман на линијата за крстарење на сер Ричард Бренсон, Virgin Voyages, само за возрасни, како главен директор за забава и лајф-стајл, а и како инвеститор.

Компанијата ја донела актерката, пејачка и деловна жена на бродот „за да им помогне да ја обликуваат иднината на патувањата на отворено море“.

Покрај тоа што ќе донесе нови идеи со цел патниците да имаат „најепски одмор“, 52-годишната суперѕвезда ќе се фокусира и на велнес, а нејзиниот бренд за козметика „Џеј Ло бјути“ (JLo Beauty) ќе биде достапен на бродот.

„Мојата мисија е да поттикнам, инспирирам и забавувам“, изјави Лопез.

„Му се восхитувам на сер Ричард и на сето она што тој го изгради. Инспирирана сум од посветеноста на Virgin Voyages за создавање неодоливи искуства и фокусирање на благосостојбата, што совршено се вклопува во мојот сопствен животен стил и етосот на брендот“.

Треба да знаете
Последни објави