Skip to main content
Хроника

Три лица повредени во сообраќајка во Охрид

16/03/2026  13:41

На 15.03.2026 во 20:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид  случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа” со охридски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од охридското село Велгошти и патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(35) од Охрид.