Skip to main content
Македонија

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

14/03/2026  17:28

Бугарската телевизија БТВ денеска објави видео репортажа која уште еднаш сведочи за големината на трагедијата која се случи пред еден во Кочани.

Габриела и Александар Наунов веќе една година живеат со загубата на нивната ќерка Надица, објави 4news.mk Девојчето требало да матурира во средно училиште оваа пролет.

„Многу е тешко… Понекогаш се чувствуваш како повеќе да не припаѓаш тука. Не си ниту на тој свет ниту на овој. Од ден на ден, е сè потешко и потешко. Не попушта“, вели мајката Габриела.

Ноќта кога се случил пожарот, родителите биле убедени дека Надица е дома. Сфатиле дека си заминала дури кога влегле во нејзината соба и ја нашле празна. Камерата во нивниот дом го забележала моментот кога девојчето си заминало.

Александар е меѓу првите што пристигнуваат пред дискотеката.

„Кога видоа дека ситуацијата е надвор од контрола и ескалира, полицијата се повлече и им дозволи на сите што можат да помогнат со своите лични автомобили“, вели тој.

Малку подоцна влегува внатре.

„Штом влегов во дискотеката меѓу двете врати, мојата ќерка лежеше со лицето надолу. Се обидов да ја кренам за да видам дали има некаква реакција – немаше“, се сеќава Александар.

Габриела ја наоѓа и својата ќерка.

„Го земам детето во раце и барам помош од полицијата. Беше ужасно – деца од сите страни… Никој не се сврте да ми помогне“, вели таа.

Репортажата може да предизвика силно емотивно влијание кај одредени лица.