Skip to main content
Хроника

Тепачка во кафуле

11/03/2026  17:46

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино, општина Желино, С.И.(46) од с.Требош, тетовско и И.К.(38) од с.Прељубиште, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 07.12.2025 во угостителски објект, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што подоцна на паркинг простор оштетиле такси возило и физички го нападнале возачот.