
Низ земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Според прогнозата, до крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време со постепен пораст на дневната температура.
За време на викендот се очекува посвежо време со услови за појава на слаби врнежи од дожд.


