
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот.
На годишниот форум насловен како ,,Transforming Transportation 2026″, Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници.
Николоски е предвидено да има свое обраќање на главната пленарна сесија заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас. Вицепремиерот Николоски ќе зборува на тема ,,Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките Пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8.
За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата, Министерството за транспорт во партнерство со Банката.
Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на држ


