Skip to main content
Македонија

Вечерва земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Грција

08/03/2026  22:56

Земјотрес со локална магнитуда од 4.0 степени според Рихтеровата скала вечерва бил почувствуван во западните делови на земјава.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 22 часот и 17 минути, а неговиот епицентар потекнува од територијата на Република Грција, на околу 200 километри југозападно од Скопје.

Според првичните информации, интензитетот на земјотресот во земјава изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала.

Нема информации за материјална штета или повредени лица, а потресот бил почувствуван од дел од населението во западниот дел на државата.