Skip to main content
Хроника

Уапсен 32-годишен тетовец

08/03/2026  17:33

Тетовчанка вчера пријавила во полиција дека нејзината 15-годишна ќерка живее со возрасен човек, кој не ѝ дозволувал да им се јави на родителите. Осомничениот е само пет години помлад од мајката на девојчето. Тој е уапсен, соопшти МВР.

„На 07.03.2026 во 15:20 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(32) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Тетово дека нејзината 15-годишна ќерка живее со В.М. и тој не и дозволува комуникација со родителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.