Skip to main content
Економија

Мицкоски: Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е граѓаните да плаќаат поевтино од соседството

08/03/2026  13:16

Светот влезе во период на нови конфликти и геополитички турбуленции. Пазарите на енергија се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. Економиите се под жесток притисок. Стабилноста на многу земји е на тест. Во вакви времиња, државите мора да бидат внимателни, сериозни и одговорни, вели премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Посочува дека како Влада прават анализи и преземаат чекори и нема да дозволат работите сериозно да се влошат. Мојата цел вели Мицкоски, е да имаме најефтини бензини во регионот.

-Како Влада сме посветени на две прашања. Првото – анализи и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најефтини бензини во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Но ќе се борам моите нашите граѓни да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со преставниците од нафтената индустрија, рече Мицкоски.

Мојата цел, нагласи тој, е да ги имаме најевтините извори на енергија во регионот и покрај реалноста дека мора да има зголемување на цените.

-Погледнете ги цените во соседните земји. Четириесет, педесет, шеесет проценти се повисоки од оние што ги имаат македонските граѓани денес, а нема никој да излезе од опозицијата и да го признае тоа на некого. И тие беа истите што не успеаја да обезбедат вакцини за македонските граѓани, па тогаш, во времето на најголемата криза, поради кризата, македонските граѓани мораа да одат во соседството да се вакцинираат, или пак направивме естрадна претстава и претстава на границата каде што добивме донација од скромни пет илјади вакцини, а денес никој не може да каже дека во споредба со тие земји во регионот, имаме педесет или шеесет денари по литар ниска цена на енергијата. Но, ќе продолжам да се борам нашите граѓани да плаќаат малку повеќе за да останат во регионот, вели Мицкоски.

Токму и тоа, додаде,  била целта на средбата со претставниците на нафтената индустрија.