
Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никаков вид на гориво.
Пристапите до местата да точење се затворени со ленти иако самата бензинска пумпа работи, односно работи деловниот простор со касите.
Сето ова се случува во период кога многу граѓани се жалат дека не можат да наполнат дизел гориво на дел од бензинските пумпи.
Денес се појави и информација дека Лукоил го ограничува точењето дизел на максимум 30 литри.
Македонските граѓани со неизвесност го чекаат понеделник и одлуката на РКЕ за новите цени на горивата во ситуација кога нафтата на светските берзи бележи раст поради војната во Заливот и затворањето на Ормутскиот теснец.
Во меѓувреме, Владата уверува дека во државата има доволно резерви на сите видови гориво.


