Skip to main content
Балкан

Во мај заедничка воена вежба на српската армија и НАТО

07/03/2026  20:52

На покана на Србија, во мај ќе се одржи заедничка вежба меѓу српската и НАТО армијата, објави Командата на здружените сили на НАТО од Неапол на платформата Икс.

Како што истакна Командата, оваа обука придонесува за стабилноста на Западен Балкан.

„Оваа активност ќе се спроведе на покана на Србија и со целосно почитување на нејзината декларирана политика на воена неутралност. Заедничката обука ја подобрува интероперабилноста, ја зајакнува практичната соработка и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. НАТО го цени своето партнерство со Србија и со нетрпение очекува да работи заедно за време на оваа вежба“, се вели во соопштението.