Skip to main content
Македонија

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина

07/03/2026  19:35

Денеска (07.03.2026) полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина. 

Имено, по добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен. 

Повреденото лице успешно беше транспортирано до Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош, информираат од МВР.