
Израелската војска соопшти дека го нападнала „централниот команден центар за воздушна одбрана“ на воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда, „во срцето на Техеран“.
Се наведува дека погодиле системи за воздушна одбрана, штабови, магацини и други објекти во близина на центарот.
Израелски извор додаде дека е погодено и место кое се користи за производство и лансирање балистички ракети , за кое се тврди дека вклучува магацини за борбена опрема на силите Кудс.

