
На 07.03.2026 во 07:27 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на с.Велмевци, демирхисарско, патничко возило „мини купер ” со битолски регистарските ознаки, управувано од М.Д.(25) од Битола, излетало од патот. Во незгодата, возачот и сопатникот Х.Н.(21) од Битола се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Битолаза укажување лекарска помош.
Додека, при преземање службени дејствија, полициските службеници констатирале дека возачот М.Д. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,66 промили алкохол во крвта. Увид бил извршен.

