Skip to main content
Хроника

Пронајдена дрога кај стружанец

05/03/2026  20:01

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана.