Skip to main content
Свет

Куба остана без струја

04/03/2026  21:25

Голем дел од Куба остана без електрична енергија. Се работи на повторно воспоставување на снабдувањето.

Најголемиот карипски остров беше погоден од масовен прекин на струјата.

Според соопштението на UNE, прекинот на електричната енергија зафатил широк регион – од централната покраина Камагуеј до Пинар дел Рио на крајниот запад на островот.

Куба во последниот период се соочува со сè почести рестрикции на струја, што властите го поврзуваат со проблемите во снабдувањето со нафта. Земјата се соочува со ограничени испораки на гориво поради американската блокада, а токму тоа гориво се користи за функционирање на електроенергетската мрежа