Skip to main content
Свет

Русија тестира систем за предупредување во случај на избувнување на Трета светска војна

04/03/2026  19:04

Русија денеска ги вклучи сирените за тревога низ сите 11 временски зони, од Балтикот до Пацификот, во рамките на масовниот национален тест на системот за итни случаи. Tелевизиските и радио програмите беа прекинати со порака: „Внимание на сите! Ве молиме останете мирни и слушајте ги инструкциите“.

Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека целта е навремено пренесување на сигнали во случај на закана, но тајмингот на овој тест предизвика паника кај јавноста. Тестирањето се случува во екот на најголемите тензии меѓу Москва и Западот, додека руските државни медиуми сè почесто отворено зборуваат за неизбежност од глобален судир.