Skip to main content
Хроника

 Полиција запрела возач без дозвола, па пристигнале две возила со неколку лица во одбрана

04/03/2026  18:44

Вчера во 23:55 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје, при контрола на Н.И.(22) од с.Студеничани,скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола.

По кратко време на местото дошле две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од с.Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.