Skip to main content
Свет

Кина испраќа специјален пратеник да посредува во конфликтот на Блискиот Исток

04/03/2026  17:57

Кина ќе испрати специјален пратеник на Блискиот Исток да посредува во конфликтот потврди денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговори со неговите колеги од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Ванг во разговор со саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан Ал Сауд, ја пофали воздржаноста на Саудиска Арабија и нејзината инсистирање за мирно решавање на несогласувањата.

Во одвоен разговор со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, Ванг рече дека „црвената линија“ за заштита на цивилите во конфликти не смее да се премине.

Тој нагласи дека невоените цели не треба да бидат нападнати, вклучително и енергетските цели, и повика на заштита на безбедноста на поморските патишта.