Skip to main content
Македонија

Се дигитализира системот за заразни болести

04/03/2026  17:42

Ќе се воведе целосно нов електронски систем за задолжително пријавување на заразни болести.

Клучната новина е системот АЛЕРТ 2.0, кој ќе овозможи брзо известување и предупредување врз основа на симптомите на пациентите. Министерот Азир Алиу појасни дека со ова се воведуваат и паметни апликации, но и максимална заштита на личните податоци на граѓаните, со што ќе се елиминира ризикот од нивна злоупотреба.

„Предвидуваме дигитализација која овозможува користење на интернет платформи, а воедно ги заштитува податоците на пациентите преку нови законски членови“, истакна министерот Алиу.