Skip to main content
Свет

Украина уништила руски танкер во близина на Малта

04/03/2026  11:41

Руското Министерство за транспорт денес потврди дека украински поморски дрон нападна танкер за течен природен гас (LNG) под руско знаме во Средоземното Море. Потврдата следеше по претходните извештаи дека бродот се запалил во близина на Малта, пишува „ Москва тајмс“ .

Русија: Нападот е терористички чин

Според соопштението на министерството, нападот се случил во вторник во близина на територијалните води на Малта, а целта бил танкерот за течен природен гас „Арктик Метагаз“. „Танкерот превезувал товар од пристаништето Мурманск, а целата документација била во целосна согласност со меѓународните прописи“, се наведува во соопштението за медиумите.

Министерството тврди дека украинскиот поморски дрон што го нападна Арктик Метагаз бил лансиран од брегот на Либија. Тие го нарекоа инцидентот „чин на меѓународен тероризам и пиратство“.