Skip to main content
Балкан

Здравствената состојба на Дачиќ е стабилна

27/02/2026  16:33

Во врска со здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој е хоспитализиран поради билатерална пневмонија, се огласи помошникот-директор за пулмологија, Спасоје Попевиќ, кој е задолжен за неговото лекување.

Засега е стабилен, интензивните мерки за лекување продолжуваат и ноќта ја помина мирно – рече лекарот.

Како што истакна, јавноста ќе добие нови информации попладне, во 17 часот.

Тој истакна дека сите евентуални промени ќе бидат навремено објавени.