
Европратеникот Томас Вајц, ги повика македонските власти да го искористат позитивниот момент во ЕУ за проширувањето.
Тој повика на итна политичка волја за да се реши застојот со уставните измени. За реформите во владеење на правото, правосудството и борбата протов корупцијата рече дека се недоволни. Додаде дека тоа е резултат на изборите минатата година.
„Апликацијата е стара повеќе од 20 години и мислам дека е време да продолжат напред. Сакам да потенцирам дека има голем прозорец на можности во моментов за целиот регион, но особено за Северна Македонија да продолжи напред кон членство во ЕУ. Има зелено светло од Советот, Комисијата, тука во ЕП има огромна поддрка. Постои реален прозорец на можности и затоа се надевам дека македонските власти нема да ги пропуштат“, рече тој.
Во однос на уставните измени, посочи дека правата на малцинствата за културно изразување и самоопределување се дел од европското законодавство и дел од преговарачката рамка.
„Заклучоците има потреба да се спроведат, да се стават малцинства што се присутни во земјата, во Уставот. Тоа е и во духот на она што би го нарекол успешна приказна на земјата“, вели Вајц.
Според него, Северна Македонија се наоѓа во тешка позиција, бидејќи процесот на пристапување фактички е сопрен. И покрај позитивните чекори, напредокот во владеење на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата останува недоволен.
Во извештајот се наведува и дека нема напредок во однос на уставните измени, делумно поради стравувања од нови билатерални или дополнителни барања од Бугарија.
На земјата ургентно, посочи дека и требаат странски инвестиции, особено во енергетиката, бидејќи и натаму главното производство на струја е од јаглен што резултира со големо загадување на воздухот.
Бугарските европратенци, расправајќи по извештајот на Вајц, посочија дека наместо да бара начин како да ги заобиколи преземените обврски, земјата треба итно да ги спроведе уставните измени. Според нив, местото на С Македонија е во Унијата, но не по секоја цена.
Според европратеникот Ивајло Валчев од ГЕРБ, особено проблематични се јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски, кој според него го загрозува европскиот проект и го поткопува духот на добрососедството.
Дел од останатите европратеници што се вклучија во расправата за нацрт-извештајот на Вајц сметаат дека уставните измени се дел од преговарачката рамка за земјата, но дека дел од вината за деценискиот застој во македонските евроинтеграции има и во самата ЕУ.
Очекуваат значителен напредок во рееформите до крајот на годинава.
Европратеникот од Словенија, Матеј Тонин земјата дефинитивно припаѓа на ЕУ, но дека реформскиот моментум бара политичка одлучност околу уставните измени.
Холандскиот европарламентарец Тиј Реутен рече дека македонските граѓани се уморни и им треба напредок, а причините што го нема ги лоцираше во нашата земја, но и во Европскиот совет кој според него, не ни обезбедил кредибилна перспектива.
Антонио Тангер Кореа од Португалија кој оцени дека македонските граѓани не се само уморни од чекањето членство, туку и се одалечуваат од ЕУ.
„ЕУ мора да разбере дека Балканот е дел од Европа. Ако не го интегрираме Западен Балкан имаме безбедносни, економски, социјални и миграциски проблеми. За наше добро треба да го интегрираме Западен Балкан во ЕУ, секако според нашите правила. Но, мора од наша страна да направиме исто така голем напор“, рече тој.
Пробив во македонските евроинтеграции до јуни?
По изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, разговарале да се најде некаква варијанта за земјава до јуни, Вајц во интервју за „360 степени“ вели:
„Јас не сум вклучен во директните планови на г. Кошта, но можам да потврдам дека исто така одржав разговори во Скопје, но и овде во Брисел, кои укажуваат во насока на можно решение“.
Документот се очекува да биде разгледан од сите политички групи во периодот од март до април, по што следува гласање за него во Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), како и гласање на пленарна седница на ЕП пред летната пауза.
Ова е втор на Вајц извештај за земјава од 2022 година, по тој минатата година, кој беше усвоен од Европскиот парламент.


