Skip to main content
Балкан

Ново пукање во средно училиште во Турција!

15/04/2026  13:45

Вооружен напад се случи денеска во училиштето „Ајсер Чалик“ во градот Кахраманмараш, Турција, при што според првичните информации има загинати и повредени лица.

Инцидентот се случил во општината „12 Февруари“, каде што од училиштето се слушнале истрели, по што веднаш била наредена итна евакуација на учениците и персоналот. На местото на настанот за кратко време пристигнале бројни полициски и медицински екипи.

Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, во првата изјава потврди дека станува збор за вооружен напад и дека има повредени, додавајќи дека ситуацијата е сериозна и сè уште се развива.

„Во моментов има напад. Во едно наше училиште се случи тажен инцидент. Имаме информации за повредени лица и случајот се истражува во детали“, изјави Унлуер.

Причините за нападот засега не се познати, а надлежните институции работат на расчистување на сите околности. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.