РФМ ги пушти во продажба билетите за дуелот со Португалија по цена од 100 и 200 денари!

Влезниците за првиот од двата квалификациски меч од групата за пласман на ЕП, меѓу Македонија и Португалија, што в четврток ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, од денеска се пуштени во продажба по цена од 100 и 200 денари. Реваншот меѓу двете селекции ќе се одигра три дена подоцна, на 12 март во Матосињос.

Ракометната Федерација на Македонија ги информира сите љубители на спортот, а посебно на ракометот дека продажбата на влезници почнува денес (06.03.2023) во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk). Влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Треба да знаете
Последни објави