Skip to main content
Македонија

Јаневска: Не се укинува вонредното студирање

23/02/2026  16:18

Министерството за образование и наука, во координација со универзитетите, ќе го заокружи новиот закон за високо образование преку инклузивна јавна дебата, изјави министерката Весна Јаневска.

Јаневска ги демантираше тврдењата кои деновиве се појавија во јавноста во врска со студирањето и научното истражување.

„Деновиве се изнаслушавме дезинформации и, би рекла, конкретни лаги, дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување научно-истражувачки трудови итн. Лагите и дезинформациите во суштина се на штета на државата и на младите луѓе. Апелирам да се престане со тоа, бидејќи сме отворени за секоја конструктивна критика“, изјави Јаневска.

Министерката најави дека по инкорпорирањето на сите прифатливи забелешки, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР. Таму веќе е поставен и третиот закон од овој пакет – предлог-законот за научно-истражувачка дејност.