Skip to main content
Хроника

Двапати приведен за помалку од 30 часа: Битолчанец прво возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

10/11/2026  21:02

Осумдневен притвор му е одреден на 29-годишниот Х.Ј. од Битола, кој за нешто повеќе од 29 часа двапати бил приведен откако полицијата го затекнала како вози под дејство на алкохол. При првата контрола му биле измерени 3,23 промили, а при втората 3,50 промили.

Првата контрола била на 7 ноември во 21:30 часот, на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Полициски службеници од СВР Битола запреле „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Х.Ј. По алкотестирањето, возачот бил лишен од слобода.

На 9 ноември во 02:41 часот полицијата повторно го запрела истиот возач, овојпат на улицата „Партизанска“ во Битола. Тој управувал со истиот автомобил, а алкотестот покажал 3,50 промили. По контролата повторно бил приведен во полициска станица.

По документирањето на двата случаи, на 29-годишниот битолчанец му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.