Skip to main content
Хроника

Жена од Тетово измамена за 3.000 евра

23/02/2026  14:29

На 22.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријави дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.