
Светската поп-ѕвезда Рита Ора ќе настапи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Информацијата ја објавија од Pragma Music Entertainment на нивниот официјален Facebook профил.
Рита Ора е една од најпрепознатливите музички артисти со милијарди стримови, бројни светски признанија и настапи на најголемите сцени во светот.

