
Италијанската влада одобри нов пакет мерки со кои значително се заоструваат правилата за миграција и азил. Новиот декрет има за цел да го намали приливот на нерегуларни мигранти и да ги забрза процесите за депортација.
Новите регулативи носат неколку суштински измени кои директно влијаат на мигрантите и хуманитарните организации.
Премиерката Мелони децидно ја брани новата законска рамка, нагласувајќи дека Италија повеќе не може да го поднесува товарот на неконтролираната миграција.
„Наша цел е да ги обесхрабриме илегалните преминувања и да ги разбиеме мрежите на шверцери со луѓе. Италија мора да го врати суверенитетот над своите граници“, изјави Мелони при презентацијата на мерките.


