По железничката несреќа во Грција назначен е нов министер за транспорт

Новоименуваниот министер за транспорт на Грција, Јоргос Герапетритис вели дека ја презема функцијата со задача да ја истражи најсмртоносната железничка несреќа во земјата, да го модернизира оштетениот железнички систем и да ја врати безбедноста на железницата.

„Тоа е многу голема одговорност“, рече Герапетритис за новинарите за време на примопредавањето на должностите во министерството.

Владата е на удар на критики за состојбата на грчкиот железнички систем, откако завчера приградски воз се судри со товарен воз, при што загинаа најмалку 46 лица, од кои многумина студенти на возраст од 20 години. Десетици луѓе беа повредени.

Герапетритис рече дека владата формира комисија од експерти што ќе ги испита „на транспарентен начин“ причините за несреќата, како и „абнормалностите и пасивноста што постојат долго време“,пренесе Индекс.хр.

Треба да знаете
Последни објави