Skip to main content
Хроника

Почина Тихомир Јанчовски

30/01/2026  18:41

Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски. Тој беше роден во 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1991 година. Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010 година. Се занимава со поезија, превод, медиевистика.

Зад Тихомир Јанчовски остануваат над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици.

„Нема веќе заеднички слики од славата. Нема веќе ништо, не напушти. Тихо го нема. Си отиде. Знам колку сте многу што го сакавте. Ќе споделиме како ќе се простиме понатаму“, напиша неговото семејство на социјалните мрежи.