Skip to main content
Свет

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите

21/01/2026  18:18

Владата на Унгарија најави пакет помош од 100 милијарди форинти за угостителите. Оваа помош е со цел да им помогне да се справат со значително повисока минимална плата.

Преку ова владата ќе ја поддржи ликвидноста на рестораните и планира да ги намали нивните даночни обврски со одредба според која до една петтина од нивниот приход ќе се третира како надомест за услуга.

Мерките треба да ги зајакнат финансиите на рестораните по зголемувањето на минималната плата за 11 проценти на почетокот на годината.

Пакетот, исто така, вклучува преполовена туристичка такса и укинување на давачките за потрошувачка во сегментот на забава за компаниите чија вредност не надминува еден процент од годишниот промет, објави финансиската веб-страница portfolio.hu, повикувајќи се на изјавите на министерот за економија Мартон Наѓ.

Премиерот Виктор Орбан, исто така, навести дека би можел да го одложи укинувањето на субвенциите за цените на енергијата, за граѓаните полесно да можат да го поднесат товарот од повисоките сметки за греење во услови на студен бран.