
Протест се одржа во Цирих против американскиот претседател Трамп и неговото учество на светскиот економски форум во Давос. Ги обвинија и швајцарските власти дека даваат легитимитет на авторитарна и плутократска политика.
Група демонстранти се движеа низ централните градски улици со слоганот „Трамп не е добредојден!“ и го запалија американското знаме.
За време на протестот имаше мали судири меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата, со опрема за сузбивање демонстрации, употреби водни топови и солзавец, додека медиумите објавија дека демонстрантите користеле и пиротехника и огномет.
За време на протестот, тројца полицајци се полесно повредени, додека едно лице е уапсено, објави градската полиција за Свис инфо.
Слични демонстрации се одржаа и на други места низ Швајцарија, вклучувајќи го и Берн.

