
Официјално е потпишан меморандумот кој поставува рамка за долгорочен развој на Скопје. Орце Ѓорѓиевски информираше на фејсбук дека денеска го потшишале меморандумот заедно со претставникот на УНДП Армен Григоријан. Овој договор има за цел унапредување на локалните политики, јакнење на институциите и воведување одржливи решенија за граѓаните.
Партнерството опфаќа клучни реформи во даночниот систем, дигиталната трансформација и заштитата на животната средина. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е важен чекор во продлабочување на соработката со УНДП, како една од најрелевантните меѓународни организации за одржлив развој.

