
Министерството за туризам, култура и спорт, ги објави статистичките податоци за развојот на туризмот и културата за 2025 година, кои покажуваат зголемен интерес на странците за посета на Албанија.
-Минатата година престојувале 12. 466. 038 странци, што е за 6,6 отсто или 769.960 лица повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските граѓани или 4 662 571 што е за 5,3 отсто повеќе од претходната година, објави министерството.
Од соседните земји втори по бројност се италијанските граѓани со над 1,92 милиони, потоа македонските над 932 илјади, грчките над 803 илјади и црногорските со над 781 илјада.
-Бројките го одразуваат влијанието на политиките што се спроведуваат, инвестициите што се прават и соработката меѓу централните и локалните институции, оценуваат од министерството.
Раст од 14,5 отсто бележат и приходите од туризмот. За девет месеци достигнале 4,4 милијарди евра.
„Се повеќе се посетувани се местата со културно наследство. Ги посетиле над 1,5 милиони посетители, што претставува зголемување за 30,63 отсто во споредба со 2024 година, додека 5,9 милиони лица ги посетиле заштитените подрачја што е за 6 отсто повеќе, наведува министерството за туризам, култура и спорт.
