
Проф. д-р Лулзим Алиу денеска официјално го заврши својот ангажман како заменик-министер во Министерството за образование и наука. Тој ја достави својата оставка до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со што го заокружи овој значаен период од својата професионална и јавна кариера.
Во својата изјава, Алиу упати благодарност до матичната партија Алтернатива и нејзиното раководство – актуелниот претседател Беким Сали, како и претходните претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими – за укажаната доверба по вторпат да ја извршува оваа одговорна функција.
Тој изрази благодарност и до своето семејство, пријателите и соработниците за континуираната поддршка во текот на целиот негов мандат.

