Skip to main content
Балкан

Трамп го поканил Рама да биде дел од „Одборот за мир“ во Газа

18/01/2026  14:29

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека добил официјална покана од претседателот на САД, Доналд Трамп, да се приклучи на т.н. „Одбор за мир“ за Газа.

Рама ја потврди информацијата преку објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека Албанија е поканета како еден од основачките членови на ова меѓународно тело.

Тој ја оцени поканата како значајно меѓународно признание и доказ за зголемениот углед и улога на земјата на глобалната политичка сцена.